MTnet
MTnet
 
Menu
Hosting решенија
Што е IDHC
Процедури
Пакети
Ценовник
Солуција



Процедури при користење на сервисите обезбедени од Internet Data Hosting Center центарот на МТнет

1. Општи одредби

  • Internet Data Hosting Center гарантира 98% достапност на сервисите освен во случај да сервисот е недостапен од причини кои се надвор од стандардните гарантирани параметри.

  • Оперативниот систем на серверите како и целиот серверски софтвер кој ќе функционира на него мора да биде лиценциран или да не подлежи на додатни лиценци. Ако корисникот инсистира на софтверски пакет кој не е понуден од страна на МТнет, корисникот ќе мора да обезбеди лиценца и инсталациски медиум за тој софтверски пакет.
  • Корисникот превзема одговорност за сите нелиценцирани пакети кои ќе бидат инсталирани на серверот.

  • Секој изнајмен сервер ќе биде конфигуриран со сите најнови patch-еви кои се достапни пред да му биде предаден на корисникот. Ако корисникот инсистира на серверот да не се поставуваат било кои patch-еви, тоа мора да го потврди со потпишување на изјава, со која ја прифаќа одговорноста за сите можни опасности кои произлегуваат од некомплетно заштитен систем. Ако таквите барања се во спротивност со сигурносните политики на МТнет, МТнет има право да ја одбие изјавата, и да инсталира patch-еви.

  • Ако системот е менаџиран од МТнет, администраторски account за администрација на системот поседува само МТнет, а не и корисникот. За таквите системи, МТнет превзема одговорност за одржување на системот и сите софтверски пакети кои се дефинирани за одржување во договор со корисникот.

  • Ако системот е менаџиран од корисникот, МТнет нема да има администраторски пристап на тој систем, а целата одговорност за одржување на оперативниот систем и софтверските пакети инсталирани на серверот паѓа на корисникот.

  • МТнет го задржува правото да изведе далечинска сигурносна проверка на било кој сервер во IDHC во случај кога постои опасност компромитираниот сервер да предизвика штета на други сервери на МТнет или на други корисници. Ако се заклучи дека системот претставува реална или потенцијална опасност за корисникот, за други корисници на IDHC или за МТнет, МТнет ќе го информира корисникот да интервенира за анулирање на забележаната опасност. Ако системот во рокот даден од Техничката служба на МТнет не биде заштитен, МТнет го задржува правото да оневозможи мрежна комуникација кон тој сервер се додека не се разреши забележаниот проблем.

  • Доколку МТнет, на барање на корисникот утврди постоење на некорисен сообраќај кон или од корисничкиот сервер истиот нема да се тарифира и наплати.

  • Далечински пристап до системот ќе биде овозможен преку стандардните алатки за далечински пристап на инсталираниот оперативен систем. Ако корисникот инсистира на инсталација на други алатки, мора да обезбеди соодветна лиценца за нив, ако е потребна, и да превземе одговорност за безбедноста на комуникацијата преку тие алатки

  • Корисникот се обврзува да:
    • со ниеден процес кој се извршил/извршува на неговиот сервер не предизвика проблеми, прекин или напад/упад во било кој друг систем во рамките на датацентарот или надвор од него.

    • Не поставува содржини од било каков вид кои содржат вируси, тројани, или било каков вид на софтвер развиен со цел да предизвика штета.

    • Не поставува незаконски содржини, или линкови кон такви содржини, како незаконска порнографија, нелиценцирани програми, аудио или видео записи, или било каков вид на содржини кои се забранети со законски акти на Република Македонија, како и меѓународни законски акти.

    • Не објавува или препраќа содржини од навредлив, расистички, заплашувачки, заканувачки или на било кој друг начин несоодветен карактер.

    • Не воспоставува активности кои можат да бидат дефинирани како "спамирање", односно: испраќање на несакана електронска пошта на индивидуи или групи; објавување на комеријални реклами на Усенет дискусиони групи и/или маилинг листи кои тоа не го дозволуваат; објавување на бинарни податоци во дискусиони групи и/или маилинг листи кои не се користат за пренос на бинарни податоци; објавување на пораки надвор од тема во дискусиони групи и/или маилинг листи;

  • Ако корисникот прекрши било кое од правилата наведени во овој документ, МТнет го задржува правото да го прекине давањето на услуги на корисникот, без можност за враќање на платените средства.

  • Ако корисникот со содржините или активностите на својот сервер прекршува било кој закон на Република Македонија или меѓународни законски акти, МТнет го задржува правото да ги предаде сите содржини на надлежните државни органи со соодветен налог.

2. Дефинирање на лица со право на администрација на сервиси и пристап во датацентарот
Регистрација на лица за пристап

  • Корисникот може да регистрира најмногу 3 лица кои ќе имаат право за физичка интервенција на корисничкиот систем, како и за барање за промена на политики на фирењалл и сервиси. Регистрацијата за мора да содржи: Име, Презиме, Матичен Број и Број на Лична Карта, телефон за технички контакт, како и фотографија на лицето.

  • Секоја регистрација се изработува во 3 копии, потпишани од страна на Потписникот на Корисникот, Регистрираното Лице и МТнет, и заверени со печат на корисникот и МТнет. Една копија се чува во датацентарот, едната кај корисникот, а едната се чува во МТнет.

Одјава и Промена на регистрирано лице може да се изведе според следната процедура:

  • Корисникот изготвува изјава за одјавување/промена на регистрирано лице. Истата се заверува од МТнет САМО во моментот кога корисникот ќе ја достави регистрацијата која се заменува/одјавува, и таа биде уништена во просториите на МТнет. Во тој момент се уништуваат две копии од одјавената/заменетата регистрација а третата останува во архивата на МТнет. Во случај на промена на регистрација, нова регистрација се издава согласно дефинираната процедура.

3. Firewall правила

  • Корисникот мора точно да наведе кои сервиси и кои порти треба да се достапни од Интернет. Барањето мора да биде документирано писмено, во облик на пополнета табела, која ќе биде потпишана и заверена од корисникот.

  • Секоја понатамошна промена на firewall правилата, за корисникот може да ја побара само регистрираното лице. Барањето мора да ги содржи податоците од неговата регистрација, и пополнета табела со firewall правила. Барањето мора да содржи потпис на регистрираното лице и заверка.

  • Бројот и фреквенција на барање на промени во firewall правилата е дефиниран во договорот за користење на сервисот.

4. Изнајмување Опрема од МТнет:

  • Корисникот може да избере некоја од понудените серверски конфигурации од МТнет, со избор на оперативен систем од понудените опции:Windows 2000 или Linux. Лиценците за оперативниот систем се вклучени во системот.

  • Корисникот може да специфицира дискова конфигурација (партиции) или да ја прифати предложената од МТнет

  • Техничката служба на МТнет има обврска да го подготви серверот според барањата на корисникот во рок од 3 (три) работни дена по добивањето на налог од единица за продажба.

  • За сите софтверски пакети кои корисникот сака да ги има инсталирано на серверот, кои бараат соодветна конфигурација, корисникот треба да специфицира параметри на конфигурација пред да се инсталираат. Доколку МТнет не може да обезбеди лиценциран софтвер, корисникот може да обезбеди софтвер при што одговара за евентуалните лиценци потребни за користење на истиот.

  • МТнет не превзема одговорност за евентуалните грешки во функционирањето на системот за кои ќе се заклучи дека се предизвикани од софтвер донесен од корисникот.

5. Поставување Сопствена Опрема

  • Хардверот и софтверот на компјутерот/серверот кој корисникот го сместува во датахостинг ценатрот се дефинирани однапред од страна на корисникот.

  • Ако корисникот договори менаџирање на системот од страна на МТнет, мора да ја достави опремата, оперативниот систем и потребниот софтверот за инсталација и конфигурација во Техничката служба на МТнет најмалку 3 (три) работни дена пред активирањето на серверот во датацентарот.

  • Ако опремата е менаџирана од страна на корисникот, тој превзема комплетна одговорност за инсталацијата на оперативниот систем и софтверот, како и конфигурацијата и одржување на истиот.

  • Системот во датацентарот ќе биде поставен од страна на стручно лице на Мтнет, најдоцна 1 ден по неговата достава за поставување. Активацијата ќе се смета за комплетна кога системот ќе биде видлив и пристапен на компјутерска мрежа. Корисникот при активацијата потпишува протокол за активирање со што се смета дека сервисот е активиран и ќе биде наплатен.

6. Процедура за пријава на влез и излез

  • Секој корисник мора да го најави своето присуство во Датацентарот.

  • Овластените лица се пријавуваат во портирницата на зградата, со соодветни документи.

  • Откако ќе добијат дозвола од обезбедувањето се пријавуваат кај службеното лице на МТнет, оставајќи валиден документ (лична карта или пасош) како идентификација.

  • По добивање дозвола од службено лице на МТнет, корисникот има право да влезе во делот за корисници на датацентарот исклучиво во придружба на службено лице на МТнет.

  • Корисникот мора да се потпише во моментот на влез.

  • Движењето на корисникот во датацентарот е ограничено на просторот за корисници. Ако корисникот го наруши просторот кој е забранет за пристап, ќе се аламирата службите за безбедност на МТнет.

  • Корисникот мора да се потпише во моментот на излез, при што му се враќа валидниот документ/регистрација со кој го докажува својот идентитет.
 


Untitled Document
АД Македонски телекомуникации
© 2004, сите права се задржани